Историја на информатика
Зборот „информатика“ за првпат се спомнува во Германија во
1957 година од страна на Карл Штајнбух. Информатиката ја има за основа
математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки.
Чарлс Бебиџ во 19 век измислил машина која земала податоци, ги обработувала, и на некој начин обработените податоци ги
покажувала. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се
електронски.
Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е
англискиот математичар Алан Тјуринг. За време на Втората светска војна
работел на „Енигма“, машина која германската војска ја користела за шифрирање и
дешифрирање на пораки. Тјуринг развил постапка со која сите пораки можеле да се
дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познатата Тјурингова
машина.
Инфоматиката за основа ја има математиката, електрониката,
физиката и некои инженерски науки. Настанала во 19 век а за еден од основачите
се смета Чарлс Бебиџ, кој измислил машина која ги земала податоците, ги
обработувала и на одреден начин ги прикажувала истите. Бебиџ секако го замислил
тоа потполно механички, додека денес сметачите се електронски.
Денешните сметачи имаат сличност со машината на Бебиџ, а тоа
во најголема мера се должи на примената на двоичен броен систем. Скоро
секоја сметачка машина на денешницата го користи тој броен систем, кој што се
состои само од единици и нули. Тоа е така затоа што на сметачот тоа му е
наједноставно: 1 - има струја, 0 - нема струја. Системот кој има десет цифри
(0-9) се вика декаден. Бебиџ ја имал идејата за користење на дупчени картички
за својот сметач а тоа навистина и се користело за чување на податоците пред во
употреба да почнат да се користат магнетните мемории.
Comments
Post a Comment