ХАРДВЕР


ХАРДВЕР (HARDWARE) е машинскиот дел на компјутерот, односно неговите делови.

Хардверот е поделен на:
  •          ЦЕНТРАЛНА ЕДИНИЦА
  •          ПЕРИФЕРНИ ЕДИНИЦИ

Периферните единици се поделени на:
  •          ВЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ
  •          ИЗЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ
  •          ВЛЕЗНО-ИЗЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ


Централната единица е сместена во метална кутија или куќиште. Во куќиштето се сместени следните делови на компјутерот:


  •          матична плоча
  •          процесор
  •          внатрешна меморија (RAM, ROM)
  •          cache (кеш) меморија
  •          хард диск
  •          диск единица (DVD-R/W)
  •          дел за напојување со електрична енергија
  •          графичка картичка
  •          звучна картичка
  •          мрежна картичка
  •          влезно-излезни магистрали
  •          системски магистрали


Влезни единици кај компјутерот се оние хардверски компоненти со кои се овозможува “внесување“ на податоци во компјутерот, односно проток на податоците од корисникот (човекот) кон компјутерот. Во влезни единици спаѓаат:

  •          тастатура
  •          глувче
  •          палка (joystick)
  •          скенер
  •          микрофон
  •          дигитален фотоапарат
  •          видео камера
  •          графичка табла



Излезни единици кај компјутерот се оние хардверски компоненти со кои се овозможува “изнесување“ на податоци од компјутерот, односно проток на податоците компјутерот кон корисникот (човекот). Во излезни единици спаѓаат:
  •              монитор
  •              печатач
  •              цртач (plotter)
  •              звучници
  •              видео проектор



Влезно-излезни единици кај компјутерот се оние хардверски компоненти со кои се овозможува и“внесување“ и “изнесување“ на податоци, односно протокот на податоците е од корисникот (човекот) кон компјутерот и обратно. Типична влезно- излезна единицa е:
  •       модемот



Comments

Popular posts from this blog

Првиот електронски компјутер

СОФТВЕР