Posts

Showing posts from April, 2019

СОФТВЕР

Image
Софтверот, односно програмскиот дел на компјутерот е поделен на две групи на програми:         системски програми          апликативни програми Системските програми  се поделени на:          оперативни системи;          услужни програми и          контролни програми; Апликативните програми  се поделени на: -         програми за уредување на текст; -         програми за табеларни пресметувања; -         програми за работа со бази на податоци; -         програми за компјутерска графика; -         програми за статистика и математика; -         програми за тековно работење; -         програми за комуникации; -         програми за мултимедија и др. Оперативни системи Оперативниот систем претставува множество од програми без кои ниту еден компјутер не може да работи. Преку оперативниот систем се воспоставува врската помеѓу корисникот и компјутерот. Оперативниот систем управува со целокупната работа на компјутерот и ги контролира сите оп

ХАРДВЕР

Image
ХАРДВЕР (HARDWARE) е машинскиот дел на компјутерот, односно неговите делови. Хардверот е поделен на:          ЦЕНТРАЛНА ЕДИНИЦА          ПЕРИФЕРНИ ЕДИНИЦИ Периферните единици се поделени на:          ВЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ          ИЗЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ          ВЛЕЗНО-ИЗЛЕЗНИ ЕДИНИЦИ Централната единица е сместена во метална кутија или куќиште. Во куќиштето се сместени следните делови на компјутерот:          матична плоча          процесор          внатрешна меморија (RAM, ROM)          cache (кеш) меморија          хард диск          диск единица (DVD-R/W)          дел за напојување со електрична енергија          графичка картичка          звучна картичка          мрежна картичка          влезно-излезни магистрали          системски магистрали Влезни единици  кај компјутерот се оние хардверски компоненти со кои се овозможува “внесување“ на податоци во компјутерот, односно проток на податоците од корисникот (човекот) кон компјутерот. Во влезни

Првиот електронски компјутер

Image
               Првиот електронски компјутер  бил создаден во 1946 година и е познат под името  ENIAC(Electronic Numerical Integrator And Calculator). Во него, конструкторите Џон Мокли и Преспер Екертвградиле 18.000 електронски ламби. ENIAC била огромна машина што зафаќала околу 150 квадратни метри површина и тежел 30 тони .           Со ENIAC започнува  првата генерација компјутери  која траела до 1958 година. Голем недостаток на компјутерите од оваа генерација билo загревањето на електронските ламби. Тоа барало дополнителни уреди за ладење. Брзината на тие компјутери била мала, имале и мала меморија, а за паметење на податоците се користела дупчена хартиена картичка. Првата  генерација на компјутери е позната како ера на вакуумски цевки. Првиот направен електронски компјутер (проектот EDVAC - Electronic Discrete Variable Automatic Computer) се состоел од илјадници вакуумски цевки, зафаќал голема површина и ослободувал голема топлина при работењето на вакуумските цевки. Ва

Историја на информатика

Image
                     Зборот „информатика“ за првпат се спомнува во Германија во 1957 година од страна на  Карл Штајнбух . Информатиката ја има за основа математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки. Ч арлс Бебиџ  во 19 век измислил машина која земала податоци, ги обработувала, и на некој начин обработените податоци ги покажувала. Во тоа време тоа бил механички систем, додека денес сметачите се електронски.      Еден од најголемите теоретичари на модерната информатика е англискиот математичар  Алан Тјуринг . За време на Втората светска војна работел на „Енигма“, машина која германската војска ја користела за шифрирање и дешифрирање на пораки. Тјуринг развил постапка со која сите пораки можеле да се дешифрираат. Во текот на тие истражувања настанала познатата Тјурингова машина. Инфоматиката за основа ја има математиката, електрониката, физиката и некои инженерски науки. Настанала во 19 век а за еден од основачите се смета Чарл