СОФТВЕР
Софтверот, односно програмскиот дел на компјутерот е поделен на две групи на програми: системски програми апликативни програми Системските програми се поделени на: оперативни системи; услужни програми и контролни програми; Апликативните програми се поделени на: - програми за уредување на текст; - програми за табеларни пресметувања; - програми за работа со бази на податоци; - програми за компјутерска графика; - програми за статистика и математика; - програми за тековно работење; - програми за комуникации; - програми за мултимедија и др. Оперативни системи Оперативниот систем претставува множество од програми без кои ниту еден компјутер не може да работи. Преку оперативниот систем се воспоставува врската помеѓу корисникот и компјутерот. Оперативниот систем управува со целокупната работа на компјутерот и ги контролира сите оп